12
Пристапен кавитет и ендодонтска анатомија
Сл. 12.31б
Сл. 12.31 б) Постојната пречка на палатиналната страна во каналот, на ниво на емајл-дентинската граница, лесно може да се отстрани со тенок ултразвучен продолжеток.
Сл. 12.51
Сл. 12.51 Комплетиран пристапен кавитет. Забележете го оклузалното проширување на ниво на двата канала.
Сл. 12.74
Сл. 12.74 а) Стрелката го покажува влезот на мезиопалатиналниот канал, кој се наоѓа на мезијалниот ѕид на пулпната комора. Првите неколку милиметри на каналот имаат кривина од речиси 90°, поради што е речиси невозможно да се постави сонда во него. б) За да може да се внесе сонда во каналот неопходно е да се отстрани овој дентински триаголник. в) За детекција на мезиопалатиналниот канал се користи ултразвучен „Старт-икс“™ #2. г) Ултразвучниот продолжеток е неопходно да се помести по должината на истмусот што ги спојува мезиобукалниот канал со мезиопалатиналниот канал, движејќи го на подот на пулпната комора како со четка, туркајќи го ултразвучниот продолжеток кон мезијално. д) Со отстранување количество дентин мезијално еднаква на околу 50% од дебелината на „Старт-икс“™ #2, можеме да ја елиминираме иницијалната кривина на каналот, со што овозможуваме во него да се внесе сонда.
Сл. 12.93
Сл. 12.93 а) На крајот нашиот пристап е идеално балансиран со коронката на забот. б) Дефинитивната форма на пристапниот кавитет одговара со неговата проекција на периметарот на подот на пулпната комора на оклузалната површина. в) Пример на соодветно изведен пристапен кавитет кај горен прв молар. Забележете ја формата на разностраниот четириаголник. Се гледа подот со сите негови продолженија, како и отворите на четирите канали во едно видно поле, додека туберите остануваат недопрени.
Сл. 12.96в
Сл. 12.96 в) Овој горен десен втор молар изгледа дека има само два канала. г) Со движење на интраоралното огледалце, може да се забележи присуството на дистобукален канал во мезиобукалниот орифициум.
Сл. 12.138
Сл. 12.138 а) На радиограмот се гледа долен десен втор премолар со три канали. б) Контрола по пет години. в, г) Пред- и пост-оперативен радиограм на друг долен втор премолар со три посебни корени и три посебни канали.