38

Јатрогени случувања

назад кон сите поглавја
Сл. 38.14

Сл. 38.14

Сл. 38.14 а) Предоперативна радиографија на долен лев втор молар. Она што се чини дека е латерален канал на коронарната третина од мезијалниот канал, всушност е некој оптурациски материјал што влегува во пропуштениот мезиолингвален канал: Латералните канали на коронарната третина обично потекнуваат со агол од 90°, додека остриот агол е типичен за апикалниот дел од коренскиот канал. б) Пристапен кавитет: Мезиолингвалниот дентин го крие отворот на мезиолингвалниот канал. в) Дел од дентинот е отстранет со помош на ултразвучен врв под оперативен микроскоп. Гутаперката во каналниот отвор на пропуштениот канал е очигледна. г) „Тестот за шампањ“ со натриум хипохлорит ја покажува реакцијата на растворот за иригација со резидуалното ткиво во пропуштениот канал. д) Нагодување на пропуштениот канал. ѓ) Сместен конус. е) Постоперативна радиографија. Пропуштениот канал имаше независен отвор, одговорен за симптомите на пациентот.

Сл. 38.21г

Сл. 38.21г

Сл. 38.21 г) Микроотворачот го почнува нагодувањето и го оптимизира праволинискиот пристап.

Сл. 38.25

Сл. 38.25

Сл. 38.25 „Лашал™ ендо фајл форцепс“ („Лашал сурџикал инструментс“, САД).

Сл. 38.39

Сл. 38.39

Сл. 38.39 Отстранување на скршен инструмент со комплетот „Канцелиер“. (Со дозвола од д-р А. Кастелучи, Фиренца, Италија.)

Сл. 38.75а

Сл. 38.75а

Сл. 38.75 а) Предоперативна радиографија на горниот десен централен инцизив. Забот беше со променета боја и стоматологот ја почна процедурата за избелување пред да ја заврши оптурацијата на коренскиот канал. За да го заштити периапикалното ткиво од средството за избелување, стоматологот го затворил отворот на каналот со композит.

Сл. 38.76а

Сл. 38.76а

Сл. 38.76 а) Предоперативна радиографија на долниот лев прв молар. Ротирачка НиТи-турпија е скршена во бифуркацијата.

Сл. 38.80

Сл. 38.80

Сл. 38.80 а) Предоперативна радиографија на долниот десен прв молар. Има скршен инструмент во дисталниот канал и гутаперка конус екструдиран низ перфорација на подот на пулпината комора, веднаш до отворот на мезиолингвалниот канал. б) Екструдираниот гутаперка конус е отстранет. в) Нагодување и работна должина на мезиолингвалниот канал. г) За да се спречи MTA да падне и да го блокира мезиолингвалниот канал, во истиот канал е воведена термопластична гутаперка, а потоа се користи сива MTA за запечатување на перфорацијата на пулпалниот под. д) По поставувањето на МТА, мезијалните канали се целосно исчистени, обликувани и оптурирани со вертикално набивање на топлата гутаперка. Во меѓувреме, скршениот инструмент е отстранет од дисталниот канал. ѓ) Постоперативна радиографија. е) Контрола по осум години.

Сл. 38.82a

Сл. 38.82a

Сл. 38.82 Во обидот да се најде мезиобукалниот канал, беше направена перфорација во подот на пулпината комора, што го вклучува отворот на истиот канал. а) Предоперативна радиографија.